Приказна за моите родители

Бев девојка со бурни соништа и фантазии во својата глава. Девојка, која тишината ја убиваше и вресокот во себе и правеше голема галама. Бев пристојна и знаев да бидам пријател со секого. Да, бев девојка, која имаше сè, освен родители. Ги имав до мене, а како да ги немав. Ете, не бев татина принцеза. Не бев гордоста на мама и тато. Не бев пример кој требаше да се следи. Не бев доволно добра за нив. Не бев ни доволно успешна. Честопати се прашував, каде грешев? Мислите ми ја трупеа главата. Не ме поддржуваа во моите планови и желби. Ниту еден мој успех, не беше битен за нив. Бев девојка која за нив беше неспособна. Која не знаеше што сака. Која имаше премногу бујни идеи. Не ме разбираа, а не ни сакаа. Се прашувам, зарем толку е тешко да се подари трошка љубов? Зарем толку е тешко да се покаже барем малку внимание? Зарем е тешко да се сака? Многу прашања, без одговори. Бев жедна за љубов. Бев жедна за внимание. Бев жедна за прегратки. Бев жедна за прашањата: Како...