Posts

Showing posts from December, 2018

2018 ти простувам.

Image
2018, ти простувам. Ти се колнам. Ти простувам што не го мирисав неговиот парфем. Што не се будев со неговото “Добро утро убавице” и не заспивав со неговото “Добра ноќ”. Ти простувам за рацете кои не ни се испреплетуваа. За ноќите поминати сама. За сите солзи пролеани. За сите искршени чаши во кафана. Ти простувам, што секогаш се воздржував да не заплачам на нашата песна во кафич. Ти простувам, за секое негово неприсуство. За оние избегнати погледи онака на улица. Ти се колнам, ти простувам  што не беше мој, а сепак беше присутен во мојава глава. Ете ти простувам, но за возврат речи и на другарка ти да ми го врати, речи и вака “Оваа сака премногу, дај врати го.” Ќе го чувам, ко очиве на глава ти ветувам. Девојката од сонот

Сакај друга.

Image
Ајде сакај, сакај друга како мене. Ајде, кажувај и дека ти е најубава. Дека ги има најубавите очи, дека во тренерки ти е совршена. Ајде, нека те смири додека лупаш по маса. Нека ти кажува глупави вицови за само да ти измами насмевка. Нека ти ги брише солзите една по една кога во душа те боли. Ајде, сакај друга. Нема да се противам, ти ветувам. Нема да плачам и нема да боли. Знаеш зошто? Егото ти е преголемо  за да признаеш  дека друга како мене нема да знае да те сака. Дека друга не би ти кренала слушалка во 4 наутро. Дека друга не би ти ги слушала разговорите додека си пијан. Дека друга ќе и се скурчи да те смирува додека лупаш по маса. Дека нема да и е гајле  дали денот ти поминал лошо. Дали си го испил утринското кафе наутро без шеќер. Дали си најаден, и дали си добро спиел. Егото ти е преголемо. За да признаеш  дека припаѓаме еден на друг иако сме два различни света. И колку и да те боли, молчи....