Сакај друга.

Ајде сакај,
сакај друга како мене.
Ајде,
кажувај и дека ти е најубава.
Дека ги има најубавите очи,
дека во тренерки ти е совршена.
Ајде,
нека те смири додека лупаш по маса.
Нека ти кажува глупави вицови за само да ти измами насмевка.
Нека ти ги брише солзите една по една кога во душа те боли.
Ајде,
сакај друга.
Нема да се противам,
ти ветувам.
Нема да плачам
и нема да боли.
Знаеш зошто?
Егото ти е преголемо 
за да признаеш 
дека друга како мене нема да знае да те сака.
Дека друга не би ти кренала слушалка во 4 наутро.
Дека друга не би ти ги слушала разговорите додека си пијан.
Дека друга ќе и се скурчи да те смирува додека лупаш по маса.
Дека нема да и е гајле
 дали денот ти поминал лошо.
Дали си го испил утринското кафе наутро без шеќер.
Дали си најаден,
и дали си добро спиел.
Егото ти е преголемо.
За да признаеш 
дека припаѓаме
еден на друг
иако сме два различни света.
И колку и да те боли,
молчи.
Глуми рамнодушност,

а не знаеш дека од очи ти читам.


Девојката од сонот

Comments

Popular posts from this blog

Љубовта ја нарекуваа "инает".

Приказна за моите родители

Јас заминувам, дека злато не оди со ѓубре