Љубовта ја нарекуваа "инает".
Беа двајца личности. Личности со слаби срца, личности полни со магија, полни со волшепство. Беа двајца млади на кои гордоста им беше се, имаа свое его, а се сакаа безусловно. Љубовта ја нарекуваа "инает", бараа одговори, а никогаш не си ги дадоа, имаа прашања, а никогаш не прашаа. Такви беа. Шетајќи низ улиците разменуваа по некој скришен поглед, а потоа како ништо да не било. Беше таа мала девојка и колку и да велеше дека и е сеедно, некаде длабоко во себе и трепереше некој глас " А што со нас?!" и никогаш не праша ништо. А тој. Тој во пијаните луди ноќи ќе ја дигнеше до небо кажувајќи и прекрасни зборови, на кој таа само слатко се смешкаше, а белите образчиња и руменееа од срамежливост. А потоа, се ќе пуштеше по вода, повторно како ништо да не било, a беше. Беше многу од тоа. Беше љубов на кои и двајцата не сакаа да признаат. Беше магија, на која секогаш велеа дека не е возможна. Беше среќа, на кој велеа дека тие не се за тоа. Беше храброст, беше моќ. Беше исчекување, надеж, копнеж. Беше нешто магично, слатко и сјајно. Беше љубов. Онака вистинска, за која и тие двајца не беа свесни.
Comments
Post a Comment