Поминаа километрите. Помина ти. Помина и нашата љубов.

Таа ноќ кога погледите ни се сретнаа за последен пат, кога се втурнав во твоите прегратки, кога те бакнав најсилно, сфатив дека ќе ми фали нешто највредно, нешто што ме штити и чува. Ти благодарам љубов, што ме научи дека љубовта е најбитна, дека треба да бидеме силни, дека километрите се ништо. Дека ни планини ни мориња не можат да  разделат, ако две нешта се споиле во едно. Дека големата љубов скриена во малите срца е толку силна што би разбила се пред нас. Ти благодарам, што така силно ме држеше за рака и ми рече дека брзо ќе помине, дека сме силни. И еве, денес се помина. Поминаа километрите. Помина ти. Помина и нашата љубов.


Comments

Popular posts from this blog

Љубовта ја нарекуваа "инает".

Приказна за моите родители

Јас заминувам, дека злато не оди со ѓубре