Јас заминувам, дека злато не оди со ѓубре
Денес дојдов да ти се заблагодарам, за се што ме научи и за се што ми даде во животов. Ти благодарам што вака искрено ме сакаше, што ми ја даде целата твоја љубов, што ме сакаше како што сака една вистинска жена. Ти благодарам што го батали моето минато и живееше во сегашноста со мене, што ни еден ден не се наврати назад. Ти благодарам што ме чуваше онака цврсто, дека ниедна жена не би го можела тоа. Ти благодарам што ме држеше за рака и во добро и во зло. Ти благодарам што беше со мене и во пијаните ноќи, кога не се чувствував добро. Ти благодарам, што ми ги подари наубавите мигови во мојот живот, дека ниедна личност не би можела да го направи тоа за некој што не ја заслужува. Ти благодарам за се, искрено. Јас заминувам, некаде далеку, дека злато не оди со ѓубре. Ваквите како тебе заслужуваат незаборавен живот, полн со магии и волшепства, а јас.. јас не можам да ти го дадам тоа. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет, ти посакувам се што ти ми даде мене. И истовремно ти се извинувам. Ти се извинувам што не знаев да те сакам, што не знаев да те почитувам. Се извинувам што другарите ми беа побитни, пијаните ноќи и кафичите. Се извинувам што остануваше сама дома, што не бев со тебе кога креваше температура. Се извинувам, што бев големо ѓубре.

Comments
Post a Comment