Загубата на блиска личност е болна рана.
Во просторијата го чувствува мирисот на кафе, во позадина нешто зборуваат на радиото и само ја заслушнува реченицата : „ - Доколку некој сака да биде со тебе и ќе го оствари тоа“. Во неа како нож да ја засекуваат тие зборови, бура, неспокој. Треба да издржи со насмевка како на стјуардеса, која знае дека нешто не е в ред со авионот, а во него патници. Треба да се издржи.
Навистина умее да одглуми рамнодушност. Кога тој ќе погледнеше кон неа , таа му ја даваше најубавата насмевка покажувајќи му што изгубил.А, солзите? Нив ги чуваше за самотијата секако тој не би умеел да ги цени.
Има многу работи што сака да му ги каже, него едноставно го нема. Чека. Размислува за ситуации што требало и кога требало да го каже тоа што го мисли а не го направила, сега се залудни тие зборови кога некој нема да е повеќе тука, со вас,во овој момент. Тоа се прави сега и овде во секој момент,се кажува некому колку ви значи се додека е покрај вас и ви обрнува внимание. Секој крај е нов почеток. Да, сте изгубиле некој, неповратно. Така лесно се губат личностите што ни значат. Без збор. Ја чекаш,и чекаш. Некогаш со нетрпение и насмевка, сега со тежина,со планина,со тага,бол и потсвесно знаеш дека нема да се врати,да но не сакаш да веруваш. Очајно чекаш, тој од,тој поглед го бараш во други, не е ист, не е иста навиката. Секогаш има моменти за восхит и час за плачење, денови кога сме силни и храбри, денови во кои животот не крши, секогаш има време за желба, надеж и време за кое живееме. Загубата на блиска личност е болна рана, сепак се живее, никој не може да изгради мост преку реката на животот,само ти. Да, ќе постојат падови,воздигнувања,пофалби и критики...
Marrija.J
Marrija.J
Comments
Post a Comment