Зарем заборави?
Среќо, веќе долго време те нема. Веќе долго време не ми пишуваш, не ми даваш знаци, не се јавуваш. Зарем заборави? Се што поминавме, се што доживеавме? Зарем ги заборави оние пишувања до 3 наутро? Зарем заборави, дека те чекав до раните утрински часови, те чекав само за да знам дека си добро, дека си се вратил, да се успокојам. Зарем ги заборави среќо? Сите непроспиени ноќи, сите отчукувања на срцето кога ќе се споменеше твоето име? Зарем заборави, колку длабоко во себе врескав дека те сакам? Зарем заборави, како очите ми сјаеја кога ќе те погледнев, како рацете ми трепереа кога ќе те допрев? Зарем заборави среќо, колку лудо чукаше ова срце само за тебе? Заборави ли или некаде длабоко чуваш во себе, за да боли, за да не помине. Да не се заборави. Она нашето. Она вистинското.
Comments
Post a Comment