Беа двајца личности. Личности со слаби срца, личности полни со магија, полни со волшепство. Беа двајца млади на кои гордоста им беше се, имаа свое его, а се сакаа безусловно. Љубовта ја нарекуваа "инает", бараа одговори, а никогаш не си ги дадоа, имаа прашања, а никогаш не прашаа. Такви беа. Шетајќи низ улиците разменуваа по некој скришен поглед, а потоа како ништо да не било. Беше таа мала девојка и колку и да велеше дека и е сеедно, некаде длабоко во себе и трепереше некој глас " А што со нас?!" и никогаш не праша ништо. А тој. Тој во пијаните луди ноќи ќе ја дигнеше до небо кажувајќи и прекрасни зборови, на кој таа само слатко се смешкаше, а белите образчиња и руменееа од срамежливост. А потоа, се ќе пуштеше по вода, повторно како ништо да не било, a беше. Беше многу од тоа. Беше љубов на кои и двајцата не сакаа да признаат. Беше магија, на која секогаш велеа дека не е возможна. Беше среќа, на кој велеа дека тие не се за тоа. Беше храброст, беше моќ. Беше исчекув...
Бев девојка со бурни соништа и фантазии во својата глава. Девојка, која тишината ја убиваше и вресокот во себе и правеше голема галама. Бев пристојна и знаев да бидам пријател со секого. Да, бев девојка, која имаше сè, освен родители. Ги имав до мене, а како да ги немав. Ете, не бев татина принцеза. Не бев гордоста на мама и тато. Не бев пример кој требаше да се следи. Не бев доволно добра за нив. Не бев ни доволно успешна. Честопати се прашував, каде грешев? Мислите ми ја трупеа главата. Не ме поддржуваа во моите планови и желби. Ниту еден мој успех, не беше битен за нив. Бев девојка која за нив беше неспособна. Која не знаеше што сака. Која имаше премногу бујни идеи. Не ме разбираа, а не ни сакаа. Се прашувам, зарем толку е тешко да се подари трошка љубов? Зарем толку е тешко да се покаже барем малку внимание? Зарем е тешко да се сака? Многу прашања, без одговори. Бев жедна за љубов. Бев жедна за внимание. Бев жедна за прегратки. Бев жедна за прашањата: Како...
Денес дојдов да ти се заблагодарам, за се што ме научи и за се што ми даде во животов. Ти благодарам што вака искрено ме сакаше, што ми ја даде целата твоја љубов, што ме сакаше како што сака една вистинска жена. Ти благодарам што го батали моето минато и живееше во сегашноста со мене, што ни еден ден не се наврати назад. Ти благодарам што ме чуваше онака цврсто, дека ниедна жена не би го можела тоа. Ти благодарам што ме држеше за рака и во добро и во зло. Ти благодарам што беше со мене и во пијаните ноќи, кога не се чувствував добро. Ти благодарам, што ми ги подари наубавите мигови во мојот живот, дека ниедна личност не би можела да го направи тоа за некој што не ја заслужува. Ти благодарам за се, искрено. Ја с заминувам, некаде далеку, дека злато не оди со ѓубре. Ваквите како тебе заслужуваат незаборавен живот, полн со магии и волшепства, а јас.. јас не можам да ти го дадам тоа. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет, ти посакувам се што ти ми даде мене. И истовремно ти се из...
Comments
Post a Comment