2018 ти простувам.
2018,
ти простувам.
Ти се колнам.
Ти простувам што не го мирисав неговиот парфем.
Што не се будев со неговото “Добро утро убавице” и не заспивав со неговото “Добра ноќ”.
Ти простувам за рацете кои не ни се испреплетуваа.
За ноќите поминати сама.
За сите солзи пролеани.
За сите искршени чаши во кафана.
Ти простувам,
што секогаш се воздржував да не заплачам на нашата песна во кафич.
Ти простувам,
за секое негово неприсуство.
За оние избегнати погледи онака на улица.
Ти се колнам,
ти простувам
што не беше мој, а сепак беше присутен во мојава глава.
Ете ти простувам,
но за возврат
речи и на другарка ти да ми го врати,
речи и вака
“Оваа сака премногу, дај врати го.”
Ќе го чувам,
ко очиве на глава
ти ветувам.
Девојката од сонот
Comments
Post a Comment