Ќе научиш дека во животот секој доаѓа и секој си заминува.
Понекогаш најтешко е да се откажеш, не знаеш како. Спомените ти велат немој, срцето сеуште ти е рането, а умот ти вели замини, немој да се двоумиш. Ама ти пак го слушаш срцето. Одбиваш да ја видиш реалноста, неможеш да прифатиш дека си изгубил. Болката е се поголема, но ти сеуште веруваш дека ќе биде подобро но мораш да се откажеш, мораш за себе. За да се спасиш. Со сила убавина не бидува. Понекогаш најдобро е така, не е лесно. Воопшто не е лесно. Но тоа е животот. И ќе те боли, многу ќе те боли, никогаш нема да замине, но ќе научиш како да живееш со тоа. Ќе научиш дека во животот секој доаѓа и секој си заминува. Колку и да боли, ќе прифатиш. И не поради некој друг, поради себе. Поради својот живот, поради своите соништа. Поради тоа што си и поради тоа што треба да бидеш.
Текст од читател - Емилија Велкова
Текст од читател - Емилија Велкова
Comments
Post a Comment