Биди до неа бе брат.
Биди до неа бе брат. Биди до неа. И која е најлоша, тогаш најмногу си и потребен.Гушни ја. Гушни ја бе брат. Нека се стопи во твоите прегратки. Кога е лута и ти вика, сослушај ја. Бакни ја, земи ја колата и однеси ја некаде далеку. Далеку од светот, далеку од сите. Само вие и небото. Кажувај и бе брат. Кажувај и колку ти е битна, дека не можеш без неа. Дека Битола е празна без неа, твојата Битола. Изумрената Битола, знаеш? Онаа Битола каде некогаш некаде низ улиците си ја љубел, а сега ја нема. Празна е Битола.
Текст од читател - Сара Мустафоска
Текст од читател - Сара Мустафоска
Comments
Post a Comment