Знам дека знаеш.

Знам дека знаеш дека се уште те чекам.
Знам дека знаеш дека се уште душава боли,
дека срцето се дели на парчиња.
Знам дека знаеш,
дека се уште ја чувам 
нашата слика под перницата.
Дека се уште заспивам
со солзи во очите.
Знам дека знаеш,
дека се уште треперам додека го изговарам твоето име.
Знам дека знаеш,
дека се уште одам на нашето место кога се чувствувам лошо.
Знам дека знаеш,
кој дише позади непознатиот број во 3 наутро.
Знам дека знаеш,
дека потајно те гледам во кафичот.
Знам дека знаеш,
дека ги затварам очите на нашата песна и ја пијам пијачката на екс.
Знам дека знаеш,
зошто пуштам солза кога намерно ќе те одминам.
Знам дека знаеш,
дека знаеш се.


Девојката од сонот


Comments

Popular posts from this blog

Љубовта ја нарекуваа "инает".

Приказна за моите родители

Јас заминувам, дека злато не оди со ѓубре