Posts

И сепак сфаќаш, дека онаа “љубов” е веќе добро познато.

Image
3 часот наутро. Телефонот ѕвони. Непознат број. Овој пат и не беше толлу добро познат глас. Или само така си мислев. Збунета и сонлива. “Молам” велам. Диши тој. Дишам и јас. “ Можеби сега не е се совршено, но еден ден ќе биде. Можеби сега  и не си припаѓаме, но ќе остариме заедно љубов.” И сфаќаш, дека сепак онаа “љубов” е веќе добро познато. Девојката од сонот

Знам дека знаеш.

Image
Знам дека знаеш дека се уште те чекам. Знам дека знаеш дека се уште душава боли, дека срцето се дели на парчиња. Знам дека знаеш, дека се уште ја чувам  нашата слика под перницата. Дека се уште заспивам со солзи во очите. Знам дека знаеш, дека се уште треперам додека го изговарам твоето име. Знам дека знаеш, дека се уште одам на нашето место кога се чувствувам лошо. Знам дека знаеш, кој дише позади непознатиот број во 3 наутро. Знам дека знаеш, дека потајно те гледам во кафичот. Знам дека знаеш, дека ги затварам очите на нашата песна и ја пијам пијачката на екс. Знам дека знаеш, зошто пуштам солза кога намерно ќе те одминам. Знам дека знаеш, дека знаеш се. Девојката од сонот

2018 ти простувам.

Image
2018, ти простувам. Ти се колнам. Ти простувам што не го мирисав неговиот парфем. Што не се будев со неговото “Добро утро убавице” и не заспивав со неговото “Добра ноќ”. Ти простувам за рацете кои не ни се испреплетуваа. За ноќите поминати сама. За сите солзи пролеани. За сите искршени чаши во кафана. Ти простувам, што секогаш се воздржував да не заплачам на нашата песна во кафич. Ти простувам, за секое негово неприсуство. За оние избегнати погледи онака на улица. Ти се колнам, ти простувам  што не беше мој, а сепак беше присутен во мојава глава. Ете ти простувам, но за возврат речи и на другарка ти да ми го врати, речи и вака “Оваа сака премногу, дај врати го.” Ќе го чувам, ко очиве на глава ти ветувам. Девојката од сонот

Сакај друга.

Image
Ајде сакај, сакај друга како мене. Ајде, кажувај и дека ти е најубава. Дека ги има најубавите очи, дека во тренерки ти е совршена. Ајде, нека те смири додека лупаш по маса. Нека ти кажува глупави вицови за само да ти измами насмевка. Нека ти ги брише солзите една по една кога во душа те боли. Ајде, сакај друга. Нема да се противам, ти ветувам. Нема да плачам и нема да боли. Знаеш зошто? Егото ти е преголемо  за да признаеш  дека друга како мене нема да знае да те сака. Дека друга не би ти кренала слушалка во 4 наутро. Дека друга не би ти ги слушала разговорите додека си пијан. Дека друга ќе и се скурчи да те смирува додека лупаш по маса. Дека нема да и е гајле  дали денот ти поминал лошо. Дали си го испил утринското кафе наутро без шеќер. Дали си најаден, и дали си добро спиел. Егото ти е преголемо. За да признаеш  дека припаѓаме еден на друг иако сме два различни света. И колку и да те боли, молчи....

Приказна за моите родители

Image
Бев девојка со бурни соништа и фантазии во својата глава. Девојка, која тишината ја убиваше и вресокот во себе и правеше голема галама. Бев пристојна и знаев да бидам пријател со секого. Да, бев девојка, која имаше сè, освен родители. Ги имав до мене, а како да ги немав. Ете, не бев татина принцеза. Не бев гордоста на мама и тато. Не бев пример кој требаше да се следи. Не бев доволно добра за нив. Не бев ни доволно успешна. Честопати се прашував, каде грешев? Мислите ми ја трупеа главата. Не ме поддржуваа во моите планови и желби. Ниту еден мој успех, не беше битен за нив. Бев девојка која за нив беше неспособна. Која не знаеше што сака. Која имаше премногу бујни идеи. Не ме разбираа, а не ни сакаа. Се прашувам, зарем толку е тешко да се подари трошка љубов? Зарем толку е тешко да се покаже барем малку внимание? Зарем е тешко да се сака? Многу прашања, без одговори. Бев жедна за љубов. Бев жедна за внимание. Бев жедна за прегратки. Бев жедна за прашањата: Како...

И оваа ноќ фалиш.

Image
Темнина е, тивко е се околу мене и оваа ноќ како и секоја. Се прашувам зошто ли е баш вака секоја ноќ кога сум сама во тишината...зошто? Дали некој го знае одговорот на ова прашање? Тешко е, болат спомените кои ги градевме заедно. Ете толку е тивка ноќва, тивки се и улиците, толку тивки како кога одевме заедно рака за рака двајца, по тивките улици доцна во ноќта се слушаа само нашите чекорења и нашите муабетења. Сега кога поминувам низ некоја тивка улица се ме потсеќа на тебе, одеднаш осекам како срцево да ми се крши одвнатре, одеднаш осекам студ и ми фали онаа прегратка која ме стуткуваше така силно која за миг ме топлеше.Ах, зошто ли е баш вака, зошто ли е волку тешко. Понекогаш посакувам да имам крилја, да летнам и за миг да стигнам до тебе, до твоите прегратки, да те гушкам без прекин, да ме скокоткаш како порано а јас да се смеам на глас, така среќата повторно да ни биде неопишлива. Да бидеме повторно среќни и двајцата како во старите денови. Секоја песна потсека на тебе, секое з...

Зар не ти бев доволна само јас?

Image
Толку љубов, многу љубов, внимание, доверба, труд. Сето тоа се свена на нула кога одлучи да ме замениш со друга. Зарем не ти бев доволна само јас? Зарем не бев вистинската? Или ја одбра лажната во замена на вистинската? Имаше многу љубов и мораше да ја споделиш со повеќе. Лошо е тоа што ќе продолжам да те сакам како ништо да не било. Денес ќе плачам а утре ќе бидам посилна. Ти заблагодарувам! Ти успеа во се. Ги отргна сите мои лоши навики. Но, таа навика да пробаш друга, имајќи ме мене, нема никогаш да ја искорениш. Емилија