И оваа ноќ фалиш.
Темнина е, тивко е се околу мене и оваа ноќ како и секоја. Се прашувам зошто ли е баш вака секоја ноќ кога сум сама во тишината...зошто? Дали некој го знае одговорот на ова прашање? Тешко е, болат спомените кои ги градевме заедно. Ете толку е тивка ноќва, тивки се и улиците, толку тивки како кога одевме заедно рака за рака двајца, по тивките улици доцна во ноќта се слушаа само нашите чекорења и нашите муабетења. Сега кога поминувам низ некоја тивка улица се ме потсеќа на тебе, одеднаш осекам како срцево да ми се крши одвнатре, одеднаш осекам студ и ми фали онаа прегратка која ме стуткуваше така силно која за миг ме топлеше.Ах, зошто ли е баш вака, зошто ли е волку тешко.
Понекогаш посакувам да имам крилја, да летнам и за миг да стигнам до тебе, до твоите прегратки, да те гушкам без прекин, да ме скокоткаш како порано а јас да се смеам на глас, така среќата повторно да ни биде неопишлива. Да бидеме повторно среќни и двајцата како во старите денови. Секоја песна потсека на тебе, секое заедничко место потсека на тебе, секоја моја насмевка зависеше од тебе. Само твоите усни знаат да бакнуваат нежно, само твоите раце знаат да гушкаат најсилно, само твоето срце беше и ке биде најсакано, најсакано од мене мил мој.
Фалиш...
Сања Коцева

Comments
Post a Comment