Искрено, среќен сум затоа што и таа е среќна, затоа што го најде воинот, а ја остави обичната кукавица во минатото.
Зошто солзи на очите, зошто плачеш? Зарем од еден поглед на некоја непозната личност плачеш, зарем ти си тој што плаче? Каде е тој што го знаев, насмеаниот, среќниот човек што кажува шеги? Каде е човекот на кој можевме да се потпреме, оној кој кажуваше сè убаво и слатко, кој ни пренесуваше позитивна енергија?А сега го гледам скршен, уништен. Ја симнав таа маска од лицето, ми рече.
Глумев дека сум среќен, но тешко било тоа. Многу е тешко да бидеш глумец во овој заебан свет. А за таа непозната што ја викаш, што не ја знаеш, таа ми беше среќа за која треба да се бориш се до последната капка крв. За неа не треба да се предадеш никогаш. Таа е личноста која ми задава болка, која ми отвори рани на срцево. Но, не е таа виновна. Виновен сум јас што сам си нанесив болка и сам направив да патам по нешто изгубено, по нешто што не можам да го вратам.
Да, убаво кажа, таков бев: луд, забавен, не ме интересираше љубовта, ја гледав како предмет. Но, сфатив сега кога капна првата солза на белиот лист. Сфатив што изгубив. Го прашав зошто се обвинува себеси кога таа го оставила. Ми одговори следно. Таа замина од мене затоа што сум кукавица. Јас сум само една обична кукавица која се откажа од борбата за таа среќа која ја бараше со години, а сега ја снема за миг. Таа ми даде сè што посакувам во љубовта, а јас се откажав.
Замина со друг. Сега друг ја милува незината смеѓа коса, ги бакнува тие слатки усни кои беа послатки од мед. Друг ја прегрнува и ја топли во овие зимски ноќи. А јас? Јас седам овде со тебе и го пијам ова проклето црвено вино. Сите ме убедуваа дека таа ми е грешка. Но, види ги сега. Тие се среќни и задоволни, ме прелажаа и ме оставија сам на овој сув студ да ги мерам улиците, да ја барам насекаде, барем накратко оддалеку да ја видам.
Но и тоа ќе ми биде луксуз наскоро. Таа ќе замине со него, ќе ја напушти државата, ќе го напушти овој град, сите наши места и спомени, и ќе започне нов живот. Јас ќе останам да си лутам низ овој град, низ оваа магла, ќе седнувам на тие клупи, ќе го пијам ова вино и ќе се сеќавам на неа, ќе ги читам и тие текстови кои ги напишав за неа.
Само уште тоа ми остана. Знаеш, во љубовта не бев спремен за ништо, бев слаб, а знаеме дека љубовта не сака кукавици, туку борци од кои ќе прокапи крв, кои ќе се борат за неа, а јас не бев воин. Јас бев обична кукавица која не се борела за љубовта, која не ризикувала, иако знаеме дека љубовта бара ризикување, бара жртвување. Јас не го направив тоа. Гордоста, егото, машкоста не ги погазив. А сега се погазив и самиот себеси.
Искрено, среќен сум затоа што и таа е среќна, затоа што го најде воинот, а ја остави обичната кукавица во минатото. Се уште се прашуваш каде е ведриот тип кој некогаш си го познавал? Ете, замина во неповрат, откако замина таа.
Александар Петрески
Глумев дека сум среќен, но тешко било тоа. Многу е тешко да бидеш глумец во овој заебан свет. А за таа непозната што ја викаш, што не ја знаеш, таа ми беше среќа за која треба да се бориш се до последната капка крв. За неа не треба да се предадеш никогаш. Таа е личноста која ми задава болка, која ми отвори рани на срцево. Но, не е таа виновна. Виновен сум јас што сам си нанесив болка и сам направив да патам по нешто изгубено, по нешто што не можам да го вратам.
Да, убаво кажа, таков бев: луд, забавен, не ме интересираше љубовта, ја гледав како предмет. Но, сфатив сега кога капна првата солза на белиот лист. Сфатив што изгубив. Го прашав зошто се обвинува себеси кога таа го оставила. Ми одговори следно. Таа замина од мене затоа што сум кукавица. Јас сум само една обична кукавица која се откажа од борбата за таа среќа која ја бараше со години, а сега ја снема за миг. Таа ми даде сè што посакувам во љубовта, а јас се откажав.
Замина со друг. Сега друг ја милува незината смеѓа коса, ги бакнува тие слатки усни кои беа послатки од мед. Друг ја прегрнува и ја топли во овие зимски ноќи. А јас? Јас седам овде со тебе и го пијам ова проклето црвено вино. Сите ме убедуваа дека таа ми е грешка. Но, види ги сега. Тие се среќни и задоволни, ме прелажаа и ме оставија сам на овој сув студ да ги мерам улиците, да ја барам насекаде, барем накратко оддалеку да ја видам.
Но и тоа ќе ми биде луксуз наскоро. Таа ќе замине со него, ќе ја напушти државата, ќе го напушти овој град, сите наши места и спомени, и ќе започне нов живот. Јас ќе останам да си лутам низ овој град, низ оваа магла, ќе седнувам на тие клупи, ќе го пијам ова вино и ќе се сеќавам на неа, ќе ги читам и тие текстови кои ги напишав за неа.
Само уште тоа ми остана. Знаеш, во љубовта не бев спремен за ништо, бев слаб, а знаеме дека љубовта не сака кукавици, туку борци од кои ќе прокапи крв, кои ќе се борат за неа, а јас не бев воин. Јас бев обична кукавица која не се борела за љубовта, која не ризикувала, иако знаеме дека љубовта бара ризикување, бара жртвување. Јас не го направив тоа. Гордоста, егото, машкоста не ги погазив. А сега се погазив и самиот себеси.
Александар Петрески
Comments
Post a Comment