Те научив да љубиш без чувства и живееш без срцевата контракција.

Душевен немир, анксиозноста,
кнедла во моето пресушено грло,
немир во моето тело,
треска предизвикана од секојдневието,
болка нанесена од минатото,
страв од блиската иднина.
Ме напаѓаат бубачки во мојата глава.
Пустина во моите очи.
Рани во моето  ранлово ,
рацепкано срце.
Тоа беше оружјето кое го носев вечерта по мене.
Тоа беше оружјето со кое
се  борев во секоја  Хитлерова војна.

Но губев пријателе,
овој пат ја изгубив битката, ја изгубив .
Како ветер си замина .
Студени капки дожд ми се слеваа по телото додека тивко,
безенергично  чекорев по таа  мрачна  улица.
Душата полека ми умираше.
Ме предаваше.
Предатор на сопственото тело стана.
Нејзиното име залепено во моиве усни,
постојано ме мачеше.
Носталгија за тебе ,  за тебе мила.

За миг се најдов пред прагот на мојата куќа,
за миг се најдов во калта,
за вечност плачев како бебе,
плачев бидејќи неможев да се помирам со тоа ,
плачев зошто те немам.
Не знаев да губам,
постојано живеев како лидер,
но сега без тебе сум најголемиот губитник.
Оваа вечер славам во твојата чест,
славам за твојот нов човек.
Со чаша преполнета,
преполнета со тага и солзи.
Полека ја пиев,
ме печеше,
солена беше секоја голтка.
Солена беше вистината што ја пиев.

Не си веќе мојата малечка.
Не си веќе во моите прегратки.
Мирисот твој сеуште впиен во мојата јакна,
го чувствувам,
ме гори.
За миг и јакната целосно
беше фрлена во калта.
Се надевам среќна е,
се надевам повторно почна да живее.
Се надевам ќе ме заборави ,
ќе се навикне да живее без мене.
Не ќе може знам,
бескрајно ме љубеше.
Го засака овој ѓавол,
го засака прекриен во црнила.
Како ли можеше најубавиот ангел, да љуби ѓавол?
Можно ли е?

И ветив,
и ветив многу работи од кои лесно се откажав.
И ветив дека ќе ја сакам до гроба.
И ветив дека ќе ја вратам од портите  на смртта,
како резултат сам одам натаму .
И  ветив ќе те научам да сакаш,
ќе те вратам во живот малечка.
Со сунѓер впиен  љубов,
ќе ја избришам твојата омраза,
омраза кон човештвото.
Но јас што сторив малечка,
те исполнав со празнина.
Те оставив празна,
твојата душа е шуплина.

Ми ја пикна во џеп твојата омраза,
сега јас ја чувствувам кон човештвото,
ја чувтвувам кон твојот нов човек .
Засекогаш требаше да бидеш моја,
мене ми припаѓаш.
Те сакам малечка,
никогаш не престанав.
Срцево ми се корне кога те гледам со него.
Не ве сакам во мојата  близина
не појавувај ми се.
Испари во небото некаде далеку,
многу далеку,
кога веќе не си моја .
Не појавувај ми се повторно во кафуле ,
со среќникот кој го држеше пред два сати за раце.
Среќник е дефинитивно,
негова си.

Ќе те научи на тоа што јас заборавив,
на тоа што јас го ветив.
Ќе нижи безброј нежни  бaкнежи на твојот врат.
Ќе те храни со мирисот  на кокос.
Нема да те пушти да си заминеш,
нема.
Го видов цврсто те држеше ,
те држеше внимателно како капка крв да не се истури.
Го видов те љубеше.
Те љубеше со вистински  чувства.
Те гледаше со очи полни љубов.
Ах, кога јас не можев,
кога јас ја убив мојата сенка.
Со остро копје ја прободев.
Во ушиве ми оѕеваа нејзините зборови.

Не халуцинирам , навистина слушам ми вели :
–   “не верувам јас во љубов, таа не постои!“
почна да постои во мигот кога  јас престанав
да верувам, малечка.
Во мигот кога јас се откажав од нас,
во мигот кога те пуштив од кафезот
да си заминеш и отидеш во туѓи прегратки .
Во мигот кога те научив да љубиш без чувства
и живееш без срцевата контракција.

К.Емилија



Comments

Popular posts from this blog

Љубовта ја нарекуваа "инает".

Приказна за моите родители

Јас заминувам, дека злато не оди со ѓубре