И оваа вечер те мислам, знаеш?

И оваа вечер те мислам знаеш?
Додека ти мирно спиеш јас слушам како капките од дождот се леат по мојот прозoрец, тивко ја слушам како ноќта ми шепоти и ме тера да мислам само на тебе...
Знаеш неможам да верувам во тоа дека јас те засакав тебе.
Зарем од тоа што еднаш ти ја допрев раката и  тоа случајно?

Зарем од тоа што еднаш те гушнав? Како може?
Јас да се вљубив во тебе се вљубив во твојот поглед, во твојот допир, твојата насмевка.
Се вљубив затоа што ми ја врати насмевката.
Знаеш ли дека јас пред тебе незнаев да се смеам?
Знаеш ли дека ти си единствен кој ме врати во живот?

Ваневска Теодора


Comments

Popular posts from this blog

Љубовта ја нарекуваа "инает".

Приказна за моите родители

Јас заминувам, дека злато не оди со ѓубре