Зар не ти бев доволна само јас?
Толку љубов, многу љубов, внимание, доверба, труд. Сето тоа се свена на нула кога одлучи да ме замениш со друга. Зарем не ти бев доволна само јас? Зарем не бев вистинската? Или ја одбра лажната во замена на вистинската? Имаше многу љубов и мораше да ја споделиш со повеќе. Лошо е тоа што ќе продолжам да те сакам како ништо да не било. Денес ќе плачам а утре ќе бидам посилна. Ти заблагодарувам! Ти успеа во се. Ги отргна сите мои лоши навики. Но, таа навика да пробаш друга, имајќи ме мене, нема никогаш да ја искорениш.
Емилија
Емилија
Comments
Post a Comment