Ја гледам светилката, можеби и таа некого чека.

Уште една ладна ноќ. Повторно во мојата соба, на масата знаеш , седнав уште еднаш да размислам. Околу мене мрак и тишина.Од прозорот можам да ги видам неколкуте улични светилки кои секогаш се на истите места.Овој пат една од нив не светеше, трепереше.Сакаше да свети, да сјае. Кутрата се бореше, знаеше дека ќе изгасне но сепак се бореше.Се сеќаваш?На моите очи кога ќе те видев? Светеа посилно и посјајно од сите овие светилки заедно.
Кога ќе подразмислам малку, јас не сум нешто поразлично од оваа светилка.Чекајќи те тебе.Знам дека нема да дојдеш, но пуста надеж, ми вели да почекам уште малку можеби ќе дојдеш. Но, те нема. Ја гледам светилкава, можеби и таа некого чека, и поради надежта не сака да згасне,што ако дојде откако ќе згасне, затоа таа се бори, и надежта тклее во неа.Затоа јас се борам. За тебе. Но побрзај, незнам уште колку ќе можам да се борам, сепак тклее таа нели, секој момент може да згасне не се знае.

Атанасова Мартина


Comments

Popular posts from this blog

Љубовта ја нарекуваа "инает".

Приказна за моите родители

Јас заминувам, дека злато не оди со ѓубре