Posts

Showing posts from August, 2017

Зарем заборави?

Image
Среќо, веќе долго време те нема. Веќе долго време не ми пишуваш, не ми даваш знаци, не се јавуваш. Зарем заборави? Се што поминавме, се што доживеавме? Зарем ги заборави оние пишувања до 3 наутро? Зарем заборави, дека те чекав до раните утрински часови, те чекав само за д а знам дека си добро, дека си се вратил, да се успокојам. Зарем ги заборави среќо? Сите непроспиени ноќи, сите отчукувања на срцето кога ќе се споменеше твоето име? Зарем заборави, колку длабоко во себе врескав дека те сакам? Зарем заборави, како очите ми сјаеја кога ќе те погледнев, како рацете ми трепереа кога ќе те допрев? Зарем заборави среќо, колку лудо чукаше ова срце само за тебе? Заборави ли или некаде длабоко чуваш во себе, за да боли, за да не помине. Да не се заборави. Она нашето. Она вистинското.

Јас заминувам, дека злато не оди со ѓубре

Image
Денес дојдов да ти се заблагодарам, за се што ме научи и за се што ми даде во животов. Ти благодарам што вака искрено ме сакаше, што ми ја даде целата твоја љубов, што ме сакаше како што сака една вистинска жена. Ти благодарам што го батали моето минато и живееше во сегашноста со мене, што ни еден ден не се наврати назад. Ти благодарам што ме чуваше онака цврсто, дека ниедна жена не би го можела тоа. Ти благодарам што ме држеше за рака и во добро и во зло. Ти благодарам што беше со мене и во пијаните ноќи, кога не се чувствував добро. Ти благодарам, што ми ги подари наубавите мигови во мојот живот, дека ниедна личност не би можела да го направи тоа за некој што не ја заслужува. Ти благодарам за се, искрено.  Ја с заминувам, некаде далеку, дека злато не оди со ѓубре. Ваквите како тебе заслужуваат незаборавен живот, полн со магии и волшепства, а јас.. јас не можам да ти го дадам тоа. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет, ти посакувам се што ти ми даде мене. И истовремно ти се из...

Љубовта ја нарекуваа "инает".

Image
Беа двајца личности. Личности со слаби срца, личности полни со магија, полни со волшепство. Беа двајца млади на кои гордоста им беше се, имаа свое его, а се сакаа безусловно. Љубовта ја нарекуваа "инает", бараа одговори, а никогаш не си ги дадоа, имаа прашања, а никогаш не прашаа. Такви беа. Шетајќи низ улиците разменуваа по некој скришен поглед, а потоа како ништо да не било. Беше таа мала девојка и колку и да велеше дека и е сеедно, некаде длабоко во себе и трепереше некој глас " А што со нас?!" и никогаш не праша ништо. А тој. Тој во пијаните луди ноќи ќе ја дигнеше до небо кажувајќи и прекрасни зборови, на кој таа само слатко се смешкаше, а белите образчиња и руменееа од срамежливост. А потоа, се ќе пуштеше по вода, повторно како ништо да не било, a беше. Беше многу од тоа. Беше љубов на кои и двајцата не сакаа да признаат. Беше магија, на која секогаш велеа дека не е возможна. Беше среќа, на кој велеа дека тие не се за тоа. Беше храброст, беше моќ. Беше исчекув...

Поминаа километрите. Помина ти. Помина и нашата љубов.

Image
Таа ноќ кога погледите ни се сретнаа за последен пат, кога се втурнав во твоите прегратки, кога те бакнав најсилно, сфатив дека ќе ми фали нешто највредно, нешто што ме штити и чува. Ти благодарам љубов, што ме научи дека љубовта е најбитна, дека треба да бидеме силни, дека километрите се ништо. Дека ни планини ни мориња не можат да  разделат, ако две нешта се споиле во едно. Дека големата љубов скриена во малите срца е толку силна што би разбила се пред нас. Ти благодарам, што така силно ме држеше за рака и ми рече дека брзо ќе помине, дека сме силни. И еве, денес се помина. Поминаа километрите. Помина ти. Помина и нашата љубов.

Таква беше таа. Ладнокрвна и мирна.

Image
Таква беше таа. Ладнокрвна и мирна. Горделива и претпазлива. Солзи не и течеа. Срце забрзано не и чукаше. Рацете не и трепереа. Гледаше право очи. Не мамеше со насмевка. Не и беше сеедно. И не. Не беше од камен. Некаде длабоко во себе ги чуваше емоциите. Длабоко. Под клуч. За да не се појават пред секого.

Полека кукло, внимавај кому му припаѓаш.

Image
Полека кукло, внимавај кому му припаѓаш. Еден ден ќе замине. Еден ден ќе заборави. Еден ден нема да си негова. Еден ден ќе те замени. Како ништо да не било.

Загубата на блиска личност е болна рана.

Image
Во просторијата го чувствува мирисот на кафе, во позадина нешто зборуваат на радиото и само ја заслушнува реченицата : „ - Доколку некој сака да биде со тебе и ќе го оствари тоа“. Во неа како нож да ја засекуваат тие зборови, бура, неспокој. Треба да издржи со насмевка како на стјуардеса, која знае дека нешто не е в ред со авионот, а во него патници. Треба да се издржи. Навистина умее да одглуми рамнодушност. Кога тој ќе погледнеше кон неа , таа му ја даваше најубавата насмевка покажувајќи му што изгубил.А, солзите? Нив ги чуваше за самотијата секако тој не би умеел да ги цени. Има многу работи што сака да му ги каже, него едноставно го нема. Чека. Размислува за ситуации што требало и кога требало да го каже тоа што го мисли а не го направила, сега се залудни тие зборови кога некој нема да е повеќе тука, со вас,во овој момент. Тоа се прави сега и овде во секој момент,се кажува некому колку ви значи се додека е покрај вас и ви обрнува внимание. Секој крај е нов почеток. Да, сте ...

Врати се доле, потребен си.

Image
Фер ли е, вака да заминеш и да оставиш длабоки сеќавања? Длабоки рани. Недовршени разговори. Ветувања. Што со животот? Што со нашите скршени срца? Врати се доле, потребен си.