Posts

Showing posts from 2018

2018 ти простувам.

Image
2018, ти простувам. Ти се колнам. Ти простувам што не го мирисав неговиот парфем. Што не се будев со неговото “Добро утро убавице” и не заспивав со неговото “Добра ноќ”. Ти простувам за рацете кои не ни се испреплетуваа. За ноќите поминати сама. За сите солзи пролеани. За сите искршени чаши во кафана. Ти простувам, што секогаш се воздржував да не заплачам на нашата песна во кафич. Ти простувам, за секое негово неприсуство. За оние избегнати погледи онака на улица. Ти се колнам, ти простувам  што не беше мој, а сепак беше присутен во мојава глава. Ете ти простувам, но за возврат речи и на другарка ти да ми го врати, речи и вака “Оваа сака премногу, дај врати го.” Ќе го чувам, ко очиве на глава ти ветувам. Девојката од сонот

Сакај друга.

Image
Ајде сакај, сакај друга како мене. Ајде, кажувај и дека ти е најубава. Дека ги има најубавите очи, дека во тренерки ти е совршена. Ајде, нека те смири додека лупаш по маса. Нека ти кажува глупави вицови за само да ти измами насмевка. Нека ти ги брише солзите една по една кога во душа те боли. Ајде, сакај друга. Нема да се противам, ти ветувам. Нема да плачам и нема да боли. Знаеш зошто? Егото ти е преголемо  за да признаеш  дека друга како мене нема да знае да те сака. Дека друга не би ти кренала слушалка во 4 наутро. Дека друга не би ти ги слушала разговорите додека си пијан. Дека друга ќе и се скурчи да те смирува додека лупаш по маса. Дека нема да и е гајле  дали денот ти поминал лошо. Дали си го испил утринското кафе наутро без шеќер. Дали си најаден, и дали си добро спиел. Егото ти е преголемо. За да признаеш  дека припаѓаме еден на друг иако сме два различни света. И колку и да те боли, молчи....

Приказна за моите родители

Image
Бев девојка со бурни соништа и фантазии во својата глава. Девојка, која тишината ја убиваше и вресокот во себе и правеше голема галама. Бев пристојна и знаев да бидам пријател со секого. Да, бев девојка, која имаше сè, освен родители. Ги имав до мене, а како да ги немав. Ете, не бев татина принцеза. Не бев гордоста на мама и тато. Не бев пример кој требаше да се следи. Не бев доволно добра за нив. Не бев ни доволно успешна. Честопати се прашував, каде грешев? Мислите ми ја трупеа главата. Не ме поддржуваа во моите планови и желби. Ниту еден мој успех, не беше битен за нив. Бев девојка која за нив беше неспособна. Која не знаеше што сака. Која имаше премногу бујни идеи. Не ме разбираа, а не ни сакаа. Се прашувам, зарем толку е тешко да се подари трошка љубов? Зарем толку е тешко да се покаже барем малку внимание? Зарем е тешко да се сака? Многу прашања, без одговори. Бев жедна за љубов. Бев жедна за внимание. Бев жедна за прегратки. Бев жедна за прашањата: Како...

И оваа ноќ фалиш.

Image
Темнина е, тивко е се околу мене и оваа ноќ како и секоја. Се прашувам зошто ли е баш вака секоја ноќ кога сум сама во тишината...зошто? Дали некој го знае одговорот на ова прашање? Тешко е, болат спомените кои ги градевме заедно. Ете толку е тивка ноќва, тивки се и улиците, толку тивки како кога одевме заедно рака за рака двајца, по тивките улици доцна во ноќта се слушаа само нашите чекорења и нашите муабетења. Сега кога поминувам низ некоја тивка улица се ме потсеќа на тебе, одеднаш осекам како срцево да ми се крши одвнатре, одеднаш осекам студ и ми фали онаа прегратка која ме стуткуваше така силно која за миг ме топлеше.Ах, зошто ли е баш вака, зошто ли е волку тешко. Понекогаш посакувам да имам крилја, да летнам и за миг да стигнам до тебе, до твоите прегратки, да те гушкам без прекин, да ме скокоткаш како порано а јас да се смеам на глас, така среќата повторно да ни биде неопишлива. Да бидеме повторно среќни и двајцата како во старите денови. Секоја песна потсека на тебе, секое з...

Зар не ти бев доволна само јас?

Image
Толку љубов, многу љубов, внимание, доверба, труд. Сето тоа се свена на нула кога одлучи да ме замениш со друга. Зарем не ти бев доволна само јас? Зарем не бев вистинската? Или ја одбра лажната во замена на вистинската? Имаше многу љубов и мораше да ја споделиш со повеќе. Лошо е тоа што ќе продолжам да те сакам како ништо да не било. Денес ќе плачам а утре ќе бидам посилна. Ти заблагодарувам! Ти успеа во се. Ги отргна сите мои лоши навики. Но, таа навика да пробаш друга, имајќи ме мене, нема никогаш да ја искорениш. Емилија

Не постои љубов, само докази.

Image
Многу ми е тешко, премногу. Дури не можам да опишам колку. Сите ме гледаат таква среќна,насмеана а не знаат колку голема болка имам во себе,колку голема тага.. не се издржува,ова не е нормално.. сé имам, а се чувствувам ко се да ми фали. Никој не знае колку по ред непроспиени ноќи сум имала,плачејќи во мојата перница тивко за никој да не ме слушне. Мечтаам по љубов ко на филмовите,сериите..сите тие погледи,сето тоа жртвување,таа грижа,толкава љубов неодолива,страсна која незнае за граници. Но потоа се враќам во реалноста и се потсеќам дека не постои љубов, само докази. Андреа

Никогаш не треба да помислите дека има нешто погрешно, во Вас.

Image
Понекогаш сѐ што ни треба е чаша добро кафе и некој што ќе го подели со нас. Некој кој ќе ви го разубави денот само со еден поглед и оној кој ќе ве чека цела вечер само за да  поминете едно заедничко утро. И многу често таа личност е многу поблиску отколку што очекувате, но додека Вие ја барате во непреспиените ноќи и залудно исплаканите солзи, таа се крие под маската на палаво дете кое секогаш знае да ве насмее и за момент да Ве направи да заборавите на секој проблем што сте го имале. И во одреден момент во животот ќе сфатите дека луѓето секогаш ќе имаат нешто да кажат за вас. Тие секогаш ќе најдат нешто кое ќе го искористат против Вас. И ако нема, ќе измислат. Тоа што треба да го сфатите од ова е дека никогаш, ама баш НИКОГАШ не треба да помислите дека има нешто погрешно во Вас. Ако некогаш си го поставите ова прашање само запрашајте се зошто секогаш пробувате да барате проблем во себе? Луѓето секогаш ќе пробуваат да ве уништат, колку и да сте успешни. Врвот на вашиот успех...

Ја гледам светилката, можеби и таа некого чека.

Image
Уште една ладна ноќ. Повторно во мојата соба, на масата знаеш , седнав уште еднаш да размислам. Околу мене мрак и тишина.Од прозорот можам да ги видам неколкуте улични светилки кои секогаш се на истите места.Овој пат една од нив не светеше, трепереше.Сакаше да свети, да сјае. Кутрата се бореше, знаеше дека ќе изгасне но сепак се бореше.Се сеќаваш?На моите очи кога ќе те видев? Светеа посилно и посјајно од сите овие светилки заедно. Кога ќе подразмислам малку, јас не сум нешто поразлично од оваа светилка.Чекајќи те тебе.Знам дека нема да дојдеш, но пуста надеж, ми вели да почекам уште малку можеби ќе дојдеш. Но, те нема. Ја гледам светилкава, можеби и таа некого чека, и поради надежта не сака да згасне,што ако дојде откако ќе згасне, затоа таа се бори, и надежта тклее во неа.Затоа јас се борам. За тебе. Но побрзај, незнам уште колку ќе можам да се борам, сепак тклее таа нели, секој момент може да згасне не се знае. Атанасова Мартина

Толку сум празна, како да немам душа.

Image
Толку сум празна,како да немам душа. Како да немам ни чувства. Прегазени се и душата и чувствата и срцето. Се е уништено во мене. Се е мртво. Тешко да оживее. Нема лек. Но барем е лесно,многу лесно да живееш без душа чувства и срце. Не мислиш на последици. Не ти е гајле за ништо. Немаш што да изгубиш.    Елена

Ти секогаш ќе останеш истиот.

Image
Не ,не си се сменил ти секогаш ќе останеш истиот , бидејќи тебе те имаат кршено и си се сменил веќе еднаш ,а човек може да се смени само еднаш се другото е само навика да се живее со тоа што ќе го повреди повторно. А да ти простам,невозможно е јас колку и да сакам да ти простам нема да сме еден за друг, ти ќе станеш клучот за друга брава, а јас брава за друг клуч. Тогаш ќе станам различна од поранo,а твоја никогаш повеќе. Тијана Трајчева

Се гушам. Во кафичот веќе те нема.

Image
Тешко е...тешко е да сум без тебе.Често мислам на тебе,ретко те гледам,тоа уништува.Уништува затоа што те гледам само на викенд  во кафич,каде што само алкохолот во рака ми е вистински пријател.Како што те гледам се повеќе имам пеперутки во стомакот како првио ден,кога се чуствував дека цел свет е мој.Кафич..Безброј луѓе,а душата ме тера да гледам само во тебе.Ех таа убава насмевка која вреди милиони,многу болно ми недостасува.Кога ќе ја видам насмевката на твојот лик осеќам грутка во грлото. Се гушам.Во кафичот веќе те нема.Солзите течат низ моето лице.Излегвам да земам воздух и да се потсетам на нашите моменти.Те видов тебе и одеше кон нашето омилено место.Тргнав по тебе мислејќи дека копнееш по мене,сакав да ти помогнам.Стигнав до тоа место.Те погледав,како секогаш беше многу убав,насмеан како што и те оставив.Во тој момент сфатив колку не сум вредела за тебе,кога на нашето место носиш друга. Ангела Радовска

И оваа вечер те мислам, знаеш?

Image
И оваа вечер те мислам знаеш? Додека ти мирно спиеш јас слушам како капките од дождот се леат по мојот прозoрец, тивко ја слушам како ноќта ми шепоти и ме тера да мислам само на тебе... Знаеш неможам да верувам во тоа дека јас те засакав тебе. Зарем од тоа што еднаш ти ја допрев раката и  тоа случајно? Зарем од тоа што еднаш те гушнав? Како може? Јас да се вљубив во тебе се вљубив во твојот поглед, во твојот допир, твојата насмевка. Се вљубив затоа што ми ја врати насмевката. Знаеш ли дека јас пред тебе незнаев да се смеам? Знаеш ли дека ти си единствен кој ме врати во живот? Ваневска Теодора

Не застанувај, продолжи.

Image
Не застанувај, продолжи, продолжи понатаму, живеј го животот како што ти сакаше да го живееш додека бевме заедно, не се врти наназад, не гледај во минатото, кога ќе ме сретнеш не ме погледнувај, ти незнаеш колку боли тоа, колку боли тој поглед во кој гледам дека можевме да го препливаме целиот океан, а се удавивме во капка вода. Анонимен читател

Те научив да љубиш без чувства и живееш без срцевата контракција.

Image
Душевен немир, анксиозноста, кнедла во моето пресушено грло, немир во моето тело, треска предизвикана од секојдневието, болка нанесена од минатото, страв од блиската иднина. Ме напаѓаат бубачки во мојата глава. Пустина во моите очи. Рани во моето  ранлово , рацепкано срце. Тоа беше оружјето кое го носев вечерта по мене. Тоа беше оружјето со кое се  борев во секоја  Хитлерова војна. Но губев пријателе, овој пат ја изгубив битката, ја изгубив . Како ветер си замина . Студени капки дожд ми се слеваа по телото додека тивко, безенергично  чекорев по таа  мрачна  улица. Душата полека ми умираше. Ме предаваше. Предатор на сопственото тело стана. Нејзиното име залепено во моиве усни, постојано ме мачеше. Носталгија за тебе ,  за тебе мила. За миг се најдов пред прагот на мојата куќа, за миг се најдов во калта, за вечност плачев како бебе, плачев бидејќи неможев да се помирам со тоа , плачев зошто те немам. Не знаев да губам, пос...

Беа толку исти, а толку различни.

Image
       И после толку поминати страници,сепак таа не успеа да долови зошто секогаш остануваше повредена.Не успеа да ја заврши својата година со насмевки и светкавите очи кои некогаш ги имаше.Таа грутка во грлото што ја чувствуваше,што ни цел океан не би ја поттурнал ја ставаше јаготката на шлагот. Беше толку  наивна , веруваше во нешта кои ниту на сон ,ниту на јаве не беа возможни.Секогаш го сакаше она знаеш...забранетото ,нели тоа е најслатко? Најслаткото суштество живееше еден вид на брз живот,не обрнуваше внимание на ситниците кои неа ја докрајчуваа.Во него немаше иднина,или пак немаше заедничка иднина ? Тој бандит а таа една мила нежна скриена пеперутка .Беа како создадени еден за друг,но само за да се уништат.Беа толку исти,а толку различни. Анонимен читател

Искрено, среќен сум затоа што и таа е среќна, затоа што го најде воинот, а ја остави обичната кукавица во минатото.

Image
Зошто солзи на очите, зошто плачеш? Зарем од еден поглед на некоја непозната личност плачеш, зарем ти си тој што плаче? Каде е тој што го знаев, насмеаниот, среќниот човек што кажува шеги? Каде е човекот на кој можевме да се потпреме, оној кој кажуваше сè убаво и слатко, кој ни пренесуваше позитивна енергија?А сега го гледам скршен, уништен. Ја симнав таа маска од лицето, ми рече. Глумев дека сум среќен, но тешко било тоа. Многу е тешко да бидеш глумец во овој заебан свет. А за таа непозната што ја викаш, што не ја знаеш, таа ми беше среќа за која треба да се бориш се до последната капка крв. За неа не треба да се предадеш никогаш. Таа е личноста која ми задава болка, која ми отвори рани на срцево. Но, не е таа виновна. Виновен сум јас што сам си нанесив болка и сам направив да патам по нешто изгубено, по нешто што не можам да го вратам. Да, убаво кажа, таков бев: луд, забавен, не ме интересираше љубовта, ја гледав како предмет. Но, сфатив сега кога капна првата солза на белиот лис...

Веднаш во друга прегратка, нели?

Image
Веднаш во друга прегратка, нели? Додека мене се уште ме болиш, додека се уште шетам со твојата слика, додека се уште се борам за тебе. Потопла ли е од мојата? Подобро гушка таа нели? Поубаво ти зборува од мене, повеќе ли те сака? Не заслужуваш. Ни една солза повеќе, ни една насмевка и поглед, ни една мисла за тебе. Имав една тронка надеж, дека би можеле. Ми ја зеде и неа. Ја однесе со себе моментот кога се фрли во друга прегратка. Ја уништи. Слушај, ветив сега, пред нашите ѕвезди. Последна солза за тебе ќе биде оваа, а знаеш дека исполнувам се што ќе си ветам. Биди сигурен.  Марија Мојсоска